Пронајдена марихуана во тетовско, приведени две лица

На 16.02.2021 околу 21.30 часот во с.Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Ј.З.(23) од Тетово и М.М.(30) од с.Џепчиште, тетовско, затоа што при преглед кај нив и во возилото „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.