Приведен разбојник од Стојаково

Денеска (16.02.2021) во периодот од 10.30 до 12 часот извршен е претрес во куќата и помошните простории на И.А. во с. Стојаково, по претходно издадена наредба од Основен суд Гевгелија. При претресот пронајдени се пари кои потекнуваат од кривично дело „разбојништво“ во казино од 28.01.2021, како и други предмети поврзани со кривичното дело. При претресот се пронајдени и растенија канабис. И.А. е лишен од слобода и задржан во ОВР Гевгелија, а по документирање на случајот ќе следува кривична пријава.