Град Скопје ги врати старите имиња на неколку улици

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, објави дека Градот ќе ги враќа имињата на неколку улици низ главниот град.

Така имињата ќе ги вратат улиците Ленинова, Мексичка, Железничка, 4-ти јули, Стив Наумов.

„Едно од моите предизборни ветувања беше враќање на идентитетот на Скопје. Ги враќаме старите имиња на добро познатите скопски улици. Овие се само дел од нив“, напиша Шилегов на „Фејсбук“.