ВМРО-ДПМНЕ размислува да ги бојкотира локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ сериозно размислува да не учествува на локалните избори кои се закажани за октомври месец. Причината за вакво нешто се законските измени направени пред една година, со кои се најавуваше дека на изборите ќе има терминали за отпечаток од прст при гласањето, со што ќе се намали или целосно ќе се елиминира можноста за било каков фалсификат.

Од опозициската партија велат дека нема да дозволат да бидат повторно поградени, како што тоа се случило на последните парламентарни избори.

Државната изборна комисија веќе испратила допис до Министерството за финансии со кој бара да се обезбедат парични средства за терминали за отпечаток на прст, кои би се поставиле на секое избирачко место.

Новиот претседател на ДИК, Александар Даштевски пред неколку дена изјави дека доколку овој процес не почне сега, во февруари, тогаш е неизвесно дали ќе се спроведат локалните избори со ваква опрема.

Министерот за финансии Фатмир Бесими на последната прес конференција изјави дека одговорил на писмото на ДИК дека пари за локалните избори има, за секоја фаза и барање, доколку секако Комисијата смета дека може да стигнат да ги спроведат подготовките во временскиот рок.