Никола Младенов на листата со нови имиња на скопските улици

Град Скопје одлучи да ги врати имињата на голем број улици во Скопје кои беа променети за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а истовремено некои улици ќе добијат нови имиња.

На листата со 571 имиња, според кои во иднина би се именувале улици, но и плоштади, паркови, мостови, се наоѓа и името на новинарот и основач на неделникот Фокус, покојниот Никола Младенов.