По шест порази за четири години, Мицкоски има уплав од избори, се плаши да се соочи со сопствениот народ

Губитникот Христијан Мицкоски се плаши од сопствениот народ, страв му е да се соочи со граѓаните на избори, бидејќи е свесен што го очекува.

Токму во таа насока се најавите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира претстојните локални избори.

Стравот на Мицкоски не е неоснован.

Граѓаните на сите избори изминатите четири години, локални, претседателски и парламентарни, на локалните избори во Штип како и на референдумот се изјаснија дека не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести, кои работат против интересите на својот народ и својата држава.

Граѓаните континуирано бираат развој, напредок, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.

Шест пати за четири години го казнија неодговорното и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски остана сам на браникот на криминалот.

Затоа Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат во опозиција.