Ќе се корегираат учебниците кои содржат навредливи содржини и непријателство

Со законот за учебници за основно и средно образование ќе се прегледуваат и корегираат сите неправилности и неправди, започнувајќи со учебникот по географија на албански јазик, за втора година средно образование кој ја навреди албанската заедница.

Ова беше заклучено на денешната средба помеѓу првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за образование Мила Царовска и нејзиниот претходник а сега пратеник Арбер Адеми.

Од кабинетот на Груби велат дека ќе се примени членот 26 став 2 од Законот за учебници според кој учебниците се повлекуваат доколку содржи навредливи материјали

-Овој дел од законот наведува дека учебниците се повлекуваат од употреба доколку содржат материјали што ја навредува историјата, културата и вредностите на сите граѓани на Македонија. На крајот на овој состанок, Груби,Царовска и Адеми се согласија заеднички да ги подржат реформите во образованието, оценувајќи го како една од најпотребните реформи, кабинет на Груби. 

Во учебникот кој поголем дел од медиумите го квалификуваат за скандалозен, Албанците во Македонија се претставени како доселеници кои со помош на турската власт аги и бегови насилно и плански биле распределени на територијата на Македонија. Дополнително стои дека денешните албански староседелци некогаш биле дел од македонското население, кое во текот на турското владеење го прифатило исламот и постепено се албанизирало. Овие тези ја разгневија албанската заедница што резултираше со палење на неколку страници од учебникот од група ученици, пред министерството за образование.