Припадниците на СВР Куманово даруваа крв

Припадниците на Секторот за внатрешни работи Куманово, денеска даруваа крв на редовната крводарителска акција што се одржа во просторите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ согласно протоколите.

Од СВР Куманово, информираа дека во акцијата се дарувани 38 крвни единици. Акцијата се спроведува согласно годишниот план на МВР за крводарителски акции во организациски единици за 2021 година. Акцијата ја организира кумановската полиција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина  и општинската организација на Црвениот крст. Припадниците на полицијата уште еднаш ја покажаа својата хуманост, истакнаа организаторите.

СВР Куманово традиционално организира три крводарителски акции годишно, во февруари, јуни и октомври. Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина.

Извор:МИА