На улица „Скупи“- повреден полицаец

При обезбедување на сообраќајна незгода меѓу две возила, во близина на Канал 5 Телевизија, друг возач со возило удрил во полициски службеник што обезбедувал на лице место и истиот се здобил со повреди, информира за КУРИР портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Повеќе информации најавуваме во текот на утрешниот ден.