СЛАВЧО НАЈАВУВА СТАБИЛНО, СУВО И СОНЧЕВО ВРЕМЕ – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ВО ПОРАСТ

Следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачност. Само утре во вечерните часови и во текот на ноќта кон недела локално ќе има нешто повеќе облачност кога ќе има услови за локални послаби врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. По одделни котлини особено во претпладневните часови ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Само утре во вечерните и ноќните часови ќе има нешто повеќе облачност кога ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 11 степени.