Шокантно откритие! ЦИА со глисер го спасувала Ѓукановиќ од Милошевиќ

Бившиот амбасадор на САД во Србија проговори за валканата игра на Американците, Британците и западот против Србија

Во едно интервју, Вилијам Монтгомери, поранешниот американски амбасадор во Белград, изјави дека САД во хрватскиот град Цавтат имале брод со екипа на ЦИА чија работа била да го спаси лидерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, доколку претседателот на Сојузна Република Југославија, Слободан Милошевиќ тргне по него. Тој исто така рече дека било тешко да се соберат средства за финансирање на владата на Ѓукановиќ, па затоа „дозволиле“ од Црна Гора да оперираат шверцери на тутун.

„Во Цавтат, имавме брод со тим на ЦИА, чија единствена работа беше да го спаси Мило Ѓукановиќ, ако Слободан Милошевиќ тргне по него. Беше тешко да се соберат средства за финансирање на неговата влада, па затоа почнавме да им дозволуваме на шверцерите со тутун да оперираат од Црна Гора – рече Монтгомери.

Новинарот го праша Монтгомери каква е, според него, улогата на Ѓукановиќ во историјата за распадот на Југославија.

„Ѓукановиќ е најспособен и најснаодлив политичар во регионот. Гледа од кој правец дува ветерот и се прилагодува на него. Ако го погледнете неговиот живот, ќе видите дека започнал како лојален комунист, потоа му беше лојален на Милошевиќ, и во одреден момент сфати дека Милошевиќ нема да победи, па се сврте кон Западот, барајќи поддршка. Таква улога имаше и за време на кампањата за бомбардирање на Сојузна Република Југославија. Но, кога Милошевиќ замина, почнавме повеќе време да í посветуваме и да í помагаме на Србија, додека претходно повеќе бевме посветени на Црна Гора. Во суштина, за време на владеењето на Милошевиќ, кога Ѓукановиќ се одвои од Милошевиќ, беше многу тешко да се обезбедат финансии за неговата влада, па почнавме да им дозволуваме на масовните шверцери на тутун да работат од Црна Гора. Ние како Запад. Решивме да не го гледаме. Меѓу другите, и Италија – рече Монтгомери.

Тој потенцираше дека сите знаеле што се случува, но го дозволиле тоа поради парите кои му биле потребни на Ѓукановиќ против Милошевиќ.

  • Но, кога војните завршија и кога падна Милошевиќ, се случи нешто како во сцена од „Казабланка“. Италијанците рекоа: „Па, тука се случува шверц, ние треба да го истражиме тоа“. И така, започнаа голема истрага во која беше вклучен и Ѓукановиќ. Тој виде дека Италијанците се свртеа против него, но и дека Британците почнуваат посериозно да гледаат на организираниот криминал… Тогаш тој повторно се сврте, но овој пат кон Русите. Тој го испрати својот најблизок советник за амбасадор во Русија со намера да ги привлече Русите да дојдат и да инвестираат во Црна Гора. Потоа тој виде уште едно отворање, се оддалечи од Русија и влезе во НАТО – рече поранешниот американски амбасадор.

На прашањето дали тој имал улога во откривањето на шверцот на црногорската мафија во медиумите, како и во констатацијата дека некои веруваат оти му помогнал на хрватскиот весник „Национал“ и на неговиот поранешен уредник Иво Пуканиќ, Монтгомери рече дека тој бил добар пријател со убиениот новинар.

-Соработувавме додека бев амбасадор во Хрватска. Но, немав улога во тоа. Кога пристигнав во Белград, една од моите први задачи беше да одам во Црна Гора, тогаш сè уште дел од Југославија и да оценувам разни политички партии, да го известувам Вашингтон за убедувањата на тие политички партии и шансите за смена на Ѓукановиќ. Така, се сретнав два-три пати со претставници на сите партии, вклучувајќи ја и српската. Направив темелна анализа и реков дека не гледам прифатлива алтернатива за Ѓукановиќ, зашто ниту една од другите партии ја немаше моќта на неговата партија. Српската партија нема никаква преданост на западните вредности, всушност им се спротивставува бидејќи тие се за Милошевиќ. Значи, немаме друг избор освен да се држиме до Ѓукановиќ. Британскиот амбасадор (Чарлс Крафорд), немаше таков став, тој сметаше дека поради шверцот со цигари, Ѓукановиќ мора да замине. Но, јас не се согласував. Така што, нема шанси да сум бил дел од некакви напори за дискредитација на Ѓукановиќ – рече Монтгомери.

На прашањето дали има некаква информација за тоа кој го нарачал убиството на Пуканиќ, тој одговори дека „апсолутно зад тоа стои тутунската мафија“, но дека поради закани не смее да го открие името.

blank
blank
blank