ПСЖ дефинитивно не планира да запре, на ред е Погба

Репрезентативецот на Франција Пол Погба се договорил со ПСЖ.

Ваквата вест стигна од сите француски медиуми, па останува да видиме дали официјално ќе се потврди и овој трансфер.

Доколку се реализира овој трансфер, Погба ќе стане трет најплатен фудбалер на парижаните, кои на Манчестер јунајтед ќе треба да му исплатат сума од 100 милиони евра.

Трансферот на Погба веднаш отвори прашања и за иднината на Килијан Мбапе, кој во таков случај најверојатно ќе го напушти ПСЖ.

ПСЖ најверојатно не може да дава високи плати на тројца фудбалери, па поради тоа ќе мора да се ослободи од Мбапе, кој има договор до следното лето.

Погба претходно се поврзуваше со трансфери и во Реал Мадрид, Јувентус, но најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во ПСЖ.

blank
blank
blank