Спорт Клуб повеќе нема да ја пренесува Премир лигата

Арена Спорт ги презема натпреварите од англиското првенство, па така македонските љубители на фубалот и Премиер лигата од следната нема да можат да ги следат истите на Спорт Клуб.

Според најавите за една од најатрактивните лиги во Европа, само уште оваа сезона 2021/22 ќе се пренесува на каналите на Спорт Клуб, а потоа ќе се префрли на Арена Спорт. Ова важи за сите земји од бивша Југославија.

Договорот на Премиер лигата и Арена спорт е потпишан на шест години што значи дека мечевите од англиското првенство ќе бидат на овој канал до јуни 2029 година. Најавено е дека пренос ќе има од сите 380 натпревари во сезоната.

blank
blank
blank