Тотенхем и Севиља на чекор од интересна размена на играчи

Тотенхем и Севиља се на чекор од размена помеѓу Ерик Ламела и Брајан Хил. Ламела веќе им е познат на сите а додека пак од Хил очекувањата се многу големи. Станува збор за еден од најталентираните шпански играчи кои минатата сезона блескаше на позајмица во дресот на Еибар.

Фабио Паратичи ги следеше неговите игри и Тотенхем сега го нуди Ламела и 25 милиони евра за младиот Хил.

Брајан Хил роден е во 2001 година и од него се очекува да има долга и успешна кариера, додека Ламела својот врв веројатно одамна го достигна. Аргентинецот има 29 години и во Тотенхем е уште од 2013 година, но никогаш не ја направи таа клучна разлика поради која и беше доведен од Рома за 30 милиони евра.

Оваа вест за трампата ја објави Фабрицио Романо, што може да се заклучи дека договорот е блиску.

Навивачите веруваат дека Тотенем со Нуно Еспирито Санто и директорот Фабио Паратичи конечно ќе може да се врати во Лигата на шампионите, односно во Топ 4 во Премиер лигата.

blank
blank
blank