Сите играчи во калчото мора да бидат вакцинирани

Пред почетокот на новата сезона од италијанската Серија А, донесена е многу важна одлука од страна на раководството на една од најсилните лиги во Европа и Светот. Имено сите професинални играчи кои од наредната сезона ќе настапуваат во Серија А и Серија Б ќе мора да бидат вакцинирани. Се споменува дека голем дел од нив добиле само една вакцина, некои од нив примиле и две, но се бара од клубовите да достават докази дека нивните играчи непосредно пред стартот на сезона имаат добиено по две вакцини против коронавирусот.

Ова значи дека и нашите репрезентативци кои следната сезона ќе играат во Серија А ќе мора да бидат вакцинирани со по две дози ако истото досега не го сториле.

Што се однесува на нашиот најдобар репрезентативец, Горан Пандев се очекува набргу да потпише нов, едногодишен договор со Џенова. Додека пак Елиф Елмас и Илија Несторовски и во следната сезона ќе го носат дресот на Наполи и Удинезе, а во секој момент се очекува и Бобан Николов да стави потпис на повратникот во елитната италијанска лига, тимот на Салернитана.

Сите играчи кои одбиле или не примиле две дози од вакцините нема да имаат право да настапуваат во наредната сезона, а крајниот рок им е 20 ти август.

blank
blank
blank