Алаба се изјасни зошто го напуштил Баерн Минхен

Давид Алаба денес беше претставен во Реал Мадрид, каде потпиша договор на 5 години во вредност од 12 милиони евра по сезона, а на промовирањето кажа дека е задоволен што стигнал во тимот.

Алаба ја соопшти причината што го натерала да си замине од Баерн Минхен по 13 години минати во клубот, а и смета дека Реал Мадрид е добар за понатамошната негова кариера.

„Решив да направам нов чекор во кариерата. Имав многу понуди, но за мене постоеше само една опција, а тоа е Реал Мадрид. Сакав дополнително да се изградам како човек и како личност. Го исполнив сонот и ова е предизвикот кој го барав. Дојдов тука за да бидам Давид Алаба и да ги покажам своите способности“, изјави Алаба.

blank
blank
blank