Данските ракометари во Токио велат: Овие Игри немаат смисла

Данците како актуелни светски и олимписки шампиони во ракомет се револтирани по нивното пристигнување во Јапонија поради рестрикциите за ковид 19 ситуацијата.

Нивниот селектор, Николај Јакобсен вели дека Летните олимписки игри одржани под вакви услови немаат никаква смисла.

Данците се сместени во луксузен хотел на самиот брег на Окинава, но немаат дозвола да ја користат плажата, и базените во хотелот. Односно тие практично не смеат да ги напуштаат собите од хотелот.

„Морам да признаам дека не гледам смисла во одржувањето на Игрите под вакви услови. Јас не разбирам. Имам впечаток дека сето ова е направено само за луѓе надвор од спортот, а на штета на спортистите за кои треба да постојат Олимписките игри„ – изјави данскиот селектор.

Данската федерација преговараше и некако успеа да им овозможи на играчите да имаат најмалку еден час на ден за да го користат базенот и само тогаш можат да излезат од собите.

„Ми рекоа и верував дека условите ќе бидат неизмерно подобри од оние со кои се соочуваме во Окинава. Да знаевме дека ќе биде вака, ќе заминевме веднаш на тренинг кампот во Токио, каде барем знаеме дека движењето е строго ограничено и дека ќе бидеме следени со GPS“ – додава Јакобсен.

Првиот натпревар Данска ќе го одигра на 24 јули против домаќините Јапонија. Покрај нив, во групата „Б“ се и Шведска, Египет, Португалија и Бахреин.

blank
blank
blank