Кјелини останува во Јувентус и за помала плата

Искусниот италијански репрезентативец и долгогодишен член на Јувентус, Џорџо Кјелини сепак ќе остане во редовите на „Старата Дама“ и во наредната сезона.

Според „Кориере Дело Спорт“, отако му истече договорот пред еден месец, искусниот италијански репрезентативец остана во преговори со Јувентус и се договорил за уште едногодишна соработка и тоа за помала плата.

Ова треба наскоро да се официјализира, што секако ќе наиде на голем поздрав од навивачите на „Старата Дама“.

Очекувањата за Кјелини за наредната сезона се дека тој ќе има епизодна улога во тимот.

blank
blank
blank