Диего Симеоне со свој коментар за Лионел Меси

Тренерот на актуелниот шпански шампион Диего Симеоне даде свој коментар за иднината на Меси.

Меси моментално е слободен играч поради тоа што неговиот договор со Барселона заврши на 30 јуни тој може бесплатно и без проблеми да се пресели во било кој клуб.

„Ла Лига не треба да го загуби најдоброто. Меси е најдоброто нешто во првенството. Ние веќе го загубивме Кристијано Роналдо. Се надевам дека ќе продолжиме да уживаме во играта на Меси во Шпанија. За да се случи тоа Барселона ќе мора да вложи значителни напори и најдобро се справи со ситуацијата за да компензира што е потребно за да го има Меси во тимот“, изјави Симеоне.

Медиумите веќе изјавија дека Меси се договорил со „Каталонците“ за нов 5 годишен договор, но сеуште нема ништо официјално потврдено.

blank
blank
blank