Барди во Милан како замена за Чалханоглу?

Милан е заинтересиран за нашиот репрезентативец Енис Барди како замена за Чалханоглу кој премина во редовите на Интер.

Барди се врати на тренинзите со Леванте. Меѓутоа познато е дека клубот од Шпанија размислува да го продаде, со цел да ја наполни касата и да ја намали кризата.

Вредноста на македонскиот репрезентативец според „Трансфермаркет“ се проценува на 15 милиони евра, средства кои и тоа како му се потребни на шпанскиот клуб.

Минатата сезона Барди постигна само еден гол и запиша 2 асистенции на 26 натпревари во Примера. Меѓутоа и покрај лошите бројки, со совите квалитети придонесе да му го привлече вниманието на клубот од Милано.

Договорот на Барди со Леванте завршува идното лето, па така Леванте би го продал што побрзо за да не го загуби како слободен играч.

blank
blank
blank