Ван Гал нов селектор на Холандија

Луис ван Гал ќе биде селектор на Холандија, по трет пат во неговата тренерската кариера.

Како што пренесуваат холандските медиуми, Ван Гал се договорил со челниците на Фудбалскиот сојуз на Холандија и само се чека официјализирање на договорот.

Ван Гал беше предводник на „портокаловите“ од 2000 до 2002 година и од 2012 до 2014 година. Под неговото водство Холандија го освои третото место на СП 2014 во Бразил.

Ван Гал ќе биде наследник на Франк де Бур, кој доби отказ по поразот во осминафиналето на Европското првенство од Чешка.

Првиот натпревар на Ван Гал ќе биде против Норвешка, на 1 септември во Осло, и првиот натпревар на домашен терен – дуел со Црна Гора три дена подоцна на „Филипс стадионот“ во Ајндховен.

Ова се квалификациите за Светското првенство во Катар, а Црна Гора и Холандија исто така ќе се судрат во Подгорица на 13-ти ноември.

blank
blank
blank