Лучано Спалети: Импресиониран сум од Елмас

Лучано Спалети, новиот тренер на Наполи не крие дека е доста задоволен од нашиот репрезентативец Елиф Елмас. Според Спалети, Елмас е феномен кој не секој може да го резбери.

„Има премногу карактеристики, затоа не можете да го разберете Елмас. Може да го користите на многу позиции“, изјави Спалети пред новинарите на прес конференцијата во клупскиот тренинг камп.

„Наполи има нешто исклучително, кога ќе ги погледнете карактеристиките и квалитетите на Елмас. Ќе биде важен играч за нас. Точно знам каде ќе го користам. Тој е феномен“, додаде Спалети.

Новата сезона во Сериа А започнува на 21 август, а Наполи во првото коло ќе се сретне на домашен терен против тимот на Венеција.

blank
blank
blank