ЈАПОНКАТА НАОМИ ОСАКА ПОБЕДИ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Јапонката Наоми Осака победи на Отвореното првенство на Австралија, освојувајќи ја нејзината четврта гренд слем титула. Дваесет и тригодишната Осака беше подобра во финалето од Американката Џенифер Брејди со 2-0 во сетови.

Осака сега два пати има победено на Австралија опен, по триумфот во 2019 во Мелбурн и двете гренд слем титули на Отвореното првенство во САД во 2018 и 2020.

Машкото финале е утре, со Новак Ѓоковиќ и Даниел Медведев. Ѓоковиќ втора година по ред ќе ја брани титулата на Отвореното првенство на Австралија, откако по деветти пат се пласираше во финалето на овој гренд слем турнир.