Милан добива конкуренција во трката за Барди

Откако вчера излегоја информациите дека за нашиот репрезентативец Енис Барди е заинтересиран Милан, денес италијанските медиуми пренесуваат дека уште еден клуб од италијанската Серие А влегува во трката за потписот на Барди, а тоа е Торино.

Имено за Барди интерес покажал и Торино кој ова лето ќе се обиде да создаде поконкурентен тим за наредната сезона.

Во плановите на новиот тренер на Торино, Иван Јуриќ се најде и нашиот репрезентативец кој ова лето заминува од Леванте.

Причината за заминувањето на Барди од Леванте се финансиските проблеми на шпанскиот клуб кој ќе се обиде да ги реши со трансферот на Барди.

blank
blank
blank