Тотенхем успеа да задржи еден од своите клучни играчи

Никој веќе еден месец не испратил понуда до Тотенхем за Хари Кејн. Новинарот, Фабрицио Романо, повикувајќи се на извори во клубот, објави дека последната понуда од 100 милиони фунти, која била одбиена, ја испратиле луѓето од Манчестер сити.

На овој начин Романо ги демантира пишувањата на „Сан“. Магазинот, претпладнево објави, дека Тотенхем прифатиле да го продадат Кејн во Манчестер сити за 160 милиони фунти.

Доколку до трансферот дојде по овоие услови, тогаш тоа ќе биде британски рекорд и воедно ќе биде вториот најскап во историјата на фудбалот.

Романо исто така вели дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, по секоја цена ќе се обиде да го задржи капитенот во тимот.

blank
blank
blank