Неизвесно дали Ериксен повторно ќе заигра во Италија

Франко Барконаро, директорот на фудбалската федерација на Италија ја реши дилемата околу тоа дали Кристијан Ериксен ќе ја продолжи кариерата во Интер.

Барконаро изјави дека данецот може повторно да заигра во Интер само доколку се покаже дека е потполно здрав и го отстрани дефибрилаторот.

„Моментално Ериксен не смее да игра. Ако му го отстранат ИТЦ уредот затоа што со него е се во ред, ќе може да се врати и да продолжи да игра за Интер“, изјави Барконаро.

Италијанската фудабалска федерација забранува на професионално и на аматерско ниво да настапуваат играчи кои имаат срцеви проблеми.

Но таквото правило не важи за сите земји, така што холандскиот репрезентативец Дејви Блинд има вградено ист таков уред но игра за Ајакс.

„Погледнетеме денеска. Затоа на сите им кажувам да го остават Ериксен на мира. Кога добив зелено светло од лекарите од болницата и клубот, се чуствував подготвен за враќање. Најважно е психички да бидеш спремен“, изјави Блинд откако на Ериксен му се случи немилиот настан.

blank
blank
blank