Познато зошто Елмас бил фрустриран од Гатузо

Еден од нашите најдобри репрезентативци, Елив Елмас, од сега би требало да добива многу поголема минутажа со Спалети како нов тренер на Наполи.

„Кориере дело Спорт“ објави текст со кој ја објаснува фрустрацијата на Елмас со стариот тренер на Наполи. 

Имено Гатузо многу често ја грешел тактичката замисла со 21 годишниот Елмас. Офанзивецот бил многу збунет затоа што некогаш играл како играч за врска, понекогаш како играч зад напаѓачите, а некогаш добивал задача да игра и на левата крилна позиција.

Ваквата недефинирана улога на Гатузо не му дозволуваа на Елмас правилно да ги покаже своите квалитети. Тој се надева дека работите на големо ќе се променат со новиот стратег на клубот од Неапол.

Спалети веднаш кажа дека му се допаѓа начинот на игра кој Елмас го применува и дека во него гледа модерен офанзивен фудбалер, од кого Наполи ќе има голема корист во иднина.

blank
blank
blank