Солскјер како тренер на Јунајтед до 2024 година

Управата на Манчестер Јунајтед покажа дека има апсолутна доверба во Оле Гунар Солскјер како предводник на екипата. Ова го докажува и потпишувањето на договорот кој ќе му овозможи за Солскјер на остане на клупата на „црвените џаволи“ до 2024 година.

Новиот договор беше потпишан по кратки преговори, со можност истиот да биде продолжен за уште една година. Солскјер пристигна во Јунајтед во декември 2018 како привремена замена за Жозе Мурињо, најпрвин потиша договор само до крајот на сезоната, но по добрите резултати на екипата по негово водство управата реши да го задржи.

Минатата сезона Јунајтед заврши на второто место во Премиер лигата, неодамна го доведија Санџо, а преговорите со Варан од Реал Мадрид се во тек. Па повеќе од јасно е дека Солскјер наредната сезона ќе биде насочен кон освојување на титулата.

blank
blank
blank