Јувентус одби 100 милиони евра за Кјеза

Јувентус одбил нова понуда за италијанскиот репрезантативец Федерико Кјеза од 100 милиони евра од Ливерпул објави „Ла Република“

Кјеза се најде во центарот на вниманието после одличните настапи на ЕП откако со Италија ја освои европската титула. Италијанскиот репрезентативец во Јувентус е на двегодишна позајмица од Фиорентина и сега „старата дама“ може да го откупи за 40 милиони евра.

Неодамна за Кјеза стигна уште една понуда од Баерн Минхен во висина од 80 милиони евра, но клубот од Торино објави дека нема да го продаде по ниту една цена.

Според најавите од поодамна од Апенините, Масимилијано Алегри е решен новиот Јувентус да го гради токму околу Кјеза и Пауло Дибала.

blank
blank
blank