Нова опасност за Лигата на Шампионите, се заговара за лига која ќе носи 10 милијарди евра!

По неуспешното формирање на Суперлигата, веројатно се подготвува нов фудбалски земјотрес.

Контроверзниот газда на Наполи, Аурелио де Лаурентис, беше против одлуката за формирање на Суперлига, но сега како да го менува мислењето. Европската фудбалска куќа (УЕФА) го одби ударот од 12-те клубови кои сакаа да ја формираат Суперлигата, па девет од нив се откажаа. Со идејата за Суперлига останаа само уште Барселона, Реал Мадрид и Јувентус, а сега Де Ларуентис најавува нова лига.

Првиот човек на Наполи вели дека се работи на проект вреден 10 милијарди евра.

„Лигата на шампионите и Лигата на Европа не носат доволно приходи за клубовите да го оправдаат учеството во тие натпреварувања. За да се биде конкурентен во овие натпреварувања, потребно е да се има многу добри фудбалери кои ќе играат на врвно ниво. Тоа значи дека мора многу да трошиме“, вели Де Лаурентис, кој додава дека клубовите треба заедно да седнат и да се договорат за формирање на ново натпреварување.

Де Лаурентис вели дека има идеја за проект кој може да донесе профит од 10 милијарди евра.

„Треба да се намали бројот на мечеви, така што ќе се намали бројот на лиги во цела Европа. Треба да се креира европско натпреварување со демократски систем за влегување во него и ќе се базира на пласманот на тимот во националното првенство. Јас веќе имам проект кој може да донесе 10 милијарди евра, но потребна е желба и целосна независност“, додава Де Лаурентис.

blank
blank
blank