Новак Ѓоковиќ конечно проговори за дисквалификацијата од УС Опен

Нема запирање, полн гас, сè додека рекордот на Рафаел Надал и Роџер Федерер не се сруши. Новак Ѓoковиќ потврди во Австралија дека во моментов е без конкуренција и само чудо може да го спречи да стане најтрофејниот тенисер на сите времиња до крајот на годината според бројот на освоени грен слем пехари.
Тој можеше да има 19 пехари, да не беше несреќното исклучување од УС Опен. Ѓоковиќ конечно проговори за таа тема, како и за тешкиот пораз во финалето на Ролан Гарос. - Дисквалификацијата во Њујорк влијаеше врз мене психички, емоционално. До тој момент немам изгубено ниту еден натпревар во сезоната. Тоа влијаеше и на продолжението на сезоната. Имав после подеми и падови. Сакав да ја започнам 2021 година на најдобар можен начин. А, во Австралија секогаш имам дополнителна самодоверба - рече Новак.