И Јувентус во големи финансиски проблеми, долгот се искачи на близу 400.000.000 евра

Минусното салдо на Јувентус, како што нагласуваат италијанските медиуми, само минатата сезона минус бил повеќе од 209.000.000.

Пред два дена Барселона, сега Јувентус. Најголемите клубови во Европа ги презентираат билансите од финансиската сезона 2020/21, а под линијата милиони и милиони минуси. Резултатите се целосно поразителни. Да потсетиме, Каталонците за само 12 месеци забележаа нето загуба од речиси половина милијарда евра. Јуве немаше таква катастрофална година, но далеку од тоа да има со што да се пофали.

Според извештајот доставен од раководното тело на клубот од Торино до надлежните институции, загубата на Старата дама за периодот јуни 2020 година-јуни 2021 година изнесува 209.900.000 евра. За сезоната пред тоа, на пример, италијанскиот гигант забележа нето-дефицит од 89.700.000 евра.

Во образложението на компанијата за ревизија се наведува дека долгот во голема мера се должи на значително намалените приходи во изминатиот период, а сето тоа поради проблемите предизвикани од пандемијата на коронавирус. Оперативните расходи се зголемени за 35.200.000 евра, акционерскиот капитал изнесува 28.400.000, додека вкупниот нето финансиски долг се зголемува на 389.200.000 евра.

Во својот финансиски извештај, челниците на Јуве уште еднаш изјавија дека не се откажуваат од идејата за формирање на европската Супер лига и не кријат дека главната причина е токму санирањето на зголемениот дефицит.

blank
blank
blank