Интер гневот за поразот од „кралевите“ го истури врз Болоња со 6 голови во нивната мрежа

Фудбалерите на Интер пред неколку дена несреќно загубија на домашен терен во пресметката со Реал Мадрид (0-1) на стартот од Лигата на шампионите, во меч во кој беа многу подобри, но примија гол во судиското продолжение, поради што сиот гнев денеска го истурија врз Болоња (6-1).

Противникот не знаеше што го снашло, а катастрофата беше најавена уште по шест минути игра кога Лаутаро Мартинез го постигна првиот гол. До крајот на полувреме стрелаа уште и Шкрињер во 20. минута и Барела четири минути подоцна, а газењето го комплетираа Векино во 54. минута и Един Џеко со погодоците во 63. и 68. минута. Почесен погодок постигна Теате на пет минути пред крајот.

Ова беше трета победа на „нераѕурите“ во четвртиот меч од новата сезона во Серија А, по кој привремено се искачија на врвот од табелата со 10 бодови. За Болоња, пак, ова беше прв пораз сезонава, по двете победи и едното реми во досегашните средби.

blank
blank
blank