(ВИДЕО) Жоао Феликс во конфликт со судијата направи голема глупост, го очекува драконска казна

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс вчера заработи црвен картон на дуелот против Атлетик Билбао и тоа само 15-тина минути откако влезе во игра. 

Младиот Португалец беше фаулиран, но реагираше нервозно и во обид да се отргне од противникот го удри со лакт во лицето. За овој потег судијата Хесус Хил Манцано му покажа жолт картон. Феликс потоа му одговори, „дали си ти луд?“.

Судијата Манцано не размислуваше премногу и веднаш му додели жолт картон и го испрати во соблекувалната. 

Како што пишуваат шпанските медиуми, на фудбалерот на Атлетико Мадрид му се заканува суспензија од четири до 12 натпревари за навреда на судијата. 

Дефинитивно, заради овој инцидент Феликс ќе направи подолга пауза која доаѓа во период кога неговата форма не е на посакуваното ниво.  

blank
blank
blank