Меси нема да настапува против Мец

Лионел Меси ќе го пропушти натпреварот против Мец.

Аргентинецот не отпатува заедно со тимот на ова гостување, а како причина од тимот наведуваат дека станува збор за повреда на коленото.

Но дали е навистина тоа така не можеме со сигурност да знаеме. Дел од медиумите се сомневаат дека Покетино сака да покаже кој е главен после ситуацијата изминатиот викенд каде Меси после неговото излегување од теренот одби да се поздрави со Покетино.

Но сепак останува да видиме дали навистина се работи за повреда или за нешто повеќе што сигурно ќе излези на површина во наредниот период.