ВИДЕО: Фернандеш очајнички сакаше да постигне гол, неговиот потег ги изнасмеа навивачите и Солскјер

Манчестер Јунајтед вчера загуби на домашен терен од Вест Хем со резултат од 0-1 и беше елиминиран од Лига купот.

Поразот на Јунајтед донесе и неколку интересни моменти, а најмногу внимание привлече потегот на Бруно Фернандеш во самиот крај на натпреварот.

Фернандеш се реши да „украде“ една топка и да постигне гол откако судијата Џонатан Мос уфрли „мртва топка“ на теренот и која требаше да им биде предадена на фудбалерите на Вест Хем.

Секако дека голот не беше признат и не само што дополнително ги потроши преостанатите секунти, туку и во моментот изнуди насмевка на лицето на Солскјер.