Џенова има нов сопственик

Американскиот инвестициски фонд „777 Партнерс“ за 150 милиони го купи најстариот италијански клуб Џенова од бизнисменот Енрико Прециози.

Џенова беше во сопственост на Енрико Перциози од 2003 година кога го презеде раководството и го спаси клубот од сигурен банкрот и подоцна направи стабилен калчолигаш.

Американскиот фонд веќе поседува 99,9% проценти од клубот и ќе инвестира во нови средства и „ќе преземе некои задоцнети долгови, се наведува во официјалното соопштение во кое уште не се наведени финансиските детали.

Поранешниот прв човек на клубот, Прециози ја испрати последната порака преку веб-сајтот на Џенова.

„Конечно дојде време да подадам рака на новите газди. Ви кажав дека ќе ја оставам Џенова само на силен и стабилен сопственик. По долги преговори ја продавам Џенова на американскиот инвеистициски фонд. Тие ќе го предводат најстариот италијански клуб“, изјави Прециози.

blank
blank
blank