Трет пораз на Ливерпул во серија

Актуелниот англиски шампион Ливерпул загуби на гостувањето кај Лестер со 3-1 со што го претрпе третиот пораз едноподруго. 

Ливерпул поведе во вториот дел со голот на Салах а потоа му се случија пеколни седум минути во кои Лестер постигна три гола и дојде до голем триумф. Лестер е втор на табелата со 46 бода, 4 помалку од лидерот Манчестер Сити кој има пак два меча помалку, а Ливерпул е четврти со 40.