Еве зошто Ѓоковиќ се откажа од 1 милион долари

Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, ја освои својата деветта титула на Австралија опен 18 – та грен слем во професионалната кариаре. Тој во финалето на турнирот во Мелбурн го победи Русинот Данил Медведев, а тоа му донесе уште неколку милиони на неговата банкарска сметка

Новак за триумфот на Австралија опен инкасираше 2.13 милиони долари, но оваа сума е многу помала од онаа што ја доби за триумфот минатата година, кога за победата му беа испатени 3.12 милиони долари.

Овој податок звучи чудно кога ќе се земе предвид изјавата на организаторите дадена пред турнирот, дека наградниот фонд на Австралија опен годинава бил зголемен за седум милиони долари. 

Меѓутоа, какао што откри директорто на турнирот Крег Тили, Ѓоковиќ се сложил на победниците драстично да им се намали наградата со цел повеќе пари да добијат помладите играчи и оние кои ќе бидат елиминирани во раната фаза на турнирот. Со ова би им се олеснила тешката финансиска состојба во време на пандемија, но би им помогнало и со трошоците до Австралија и назад во своите земји. 

Србинот во својата кариера само од наградни фондови има заработено 145 милиони долари, а во оваа сума не е вклучен хонорарор од освојувањето на деветтата титула во Мелбурн.