Почина легендата на хрватскиот фудбал Златко Крањчар

Златко Цицо Крањчар, легендарниот фудбалер на Динамо и поранешен хрватски селектор, почина денеска во Загреб. Од болница во Задар, бил префрлен во Загреб каде што денеска почина на 65. годишна возраст.

Крањчар бил примен 18 февруари во болница поради проблеми со црниот дроб, пренесува „24 сата“. После 10 дена лекување, поради влошување на ситуацијата, бил префрлен во Загреб, но не ја добил битката.

Крањчар во текот на целата кариера мина во Динамо Загреб. Потоа замина во Рапид Виена, а кариерата како играч ја заврши во Сент Полтен во 1991 година.

Потоа тргна со тренерска работа. Водеше многу клубови во Хрватска, а беше дел од Динамо Загреб кога играше против Вардар во квалификациите во Лигата на шампионите во 2016 година. Ја водеше Хрватска на СП 2006 година. Беше и на клупата на Црна Гора во 2010-2011.