Фајзер и Бионтек почнаа тестирање на вакцината на трудници

Фајзер и Бионтек почнаа меѓународна студија во која се вклучени 4000 учеснички за да ја проценат безбедноста и делотворноста на вакцината против Ковид-19 кај здравите бремени жени. 

Кај трудниците постои ризик од развој на тежок облик на Ковид-19. Здравствените работници апелираат дека токму поради ова дел од жените кои работат ризични професии се вакцинираат без да знаат дали е тоа воопшто добро за нив. 

Минатата седмица, американскиот национален институт повика на поголема вклученост на бремените жени и на доилките во истражувањето на вакцината против Ковид-19. 

Експертите за вакцини веќе години наназад тврдат дека трудниците трба рано да бидат вклучени во испитувањето на пандемските вакцини за да не мора да чекаат долго на доказите за делотворност на вакцината во случај на криза.