Првата фотографија што ја испрати роверот на НАСА од Марс

Роверот на американската вселенска агенција НАСА „Perservence“ (упорност), кој по седум месеци патување низ вселената, синоќа слета на Марс ја испрати и првата фотографија.

„Мојот прв поглед во мојот вечен дом“, напишаа од Наса објавувајќи ја фотографијата.

Роверот се смести во кратерот нарече „Езеро“, за каде се смета дека имало огромно езеро пред милијарда години. Тоа е причината што тој слета таму, бидејќи верувањата се дека каде што имало вода, постои можност да имало и живот. Се очекува најмалку следните две години да се спроведува дупчење во почвата и карпите за да се бараат докази дали во минатото имало живот на оваа планета. Примероци, со идни мисии треба да бидат испратени на Земјата.