САД подготвени да преговараат за враќање на нуклеарниот договор со Иран

Соединетите американски држави се подготвени да се придружат на преговорите на големите сили и Иран за враќање на нуклераниот договор од пред пет години. Администрацијата на новиот претседател Џозеф Бајден ја одби кампањата за максимален притисок на поранешниот претседател Доналд Трамп, која се обиде да го изолира Иран, соопшти САД.

Новата администрација не се залага за обновување на санкциите за Иран. Стејт департментот ова го најави по разговорот на државниот секретар Ентони Блинкен со неговите колеги од Британија, Франција и Германија.

Во соопштението од Стејт депратментот стои дека САД го прифаќаат повикот од ЕУ да присуствуваат на состанокот на петте членки на Советот за безбедност на Обединетите нации: Кина, Франција, Русија, Велика Британија, и САД, заедно со Германија и Иран.