Првото вештачко срце го доби маж од Италија

Имплантацијата на целосно вештачко срце ја изврши кардиохирургот Чиро Маиело во еден болнички центар во Неапол, кој во Италија спаѓа во водечките според знаењето и искуството во врска со употребата на вештачко срце.

Ова е првото вештачко срце кое се користи на човек. Ниту едно вештачко срце „Aeson“ досега не било искористено надвор од клиничките студии, рече портпаролката на Carmat, додавајќи дека трошоците за операцијата од 150.000 евра биле покриени од регионалниот здравствен систем, кој очекува надомест од националниот Институт за јавно здравје.

Вештачкото срце на Carmat е наменето за сите пациенти кои страдаат од хронична срцева слабост или акутна инсуфициенција по срцев удар. Изумот треба да им помогне на сите срцеви пациенти кои страдаат од коронарна срцева болест и артериска хипертензија.

По соопштувањето на веста, акциите на Carmat на Париската берза скокнаа за 6,77 проценти, на 23,53 евра.

blank
blank
blank