Германија и Белгија ги бројат жртвите: Дали лошото просторно планирање придонесе за катастрофата? (ГАЛЕРИЈА)

Катастрофални поплави во Европа, повеќе од 180 мртви во Германија и Белгија, стотици луѓе се водат како исчезнати, водата остави пустош.

Поплавите ги погодија и Луксембург, Швајцарија и Холандија.

blank

Размерите на штетата станува се појасен, додека спасувачките екипи продолжуваат да бараат жртви.

Околу 700 луѓе беа евакуирани во петокот кога пукна брана во градот Васенберг, во близина на Келн.

blank

Постои ризик браната Стајнбаштал на западот на Германија да пукне, изјавија официјалните лица, откако 4.500 луѓе беа евакуирани од куќите лоцирани во долниот тек.

Некои ги споредуваат размерите на уништување со сломот што го доживеа Германија во Втората светска војна. И исто како во војната, германската армија користи оклопни возила за отстранување на урнатините, пишува Би-Би-Си.

blank

Зошто волку разорно?

Европа и претходно била погодена од силни поплави, но овие беа исклучителни и во однос на количеството водата и уништувањето.

Влажните воздушни маси ги блокирале ниските температури на голема надморска височина, поради што тие се задржале четири дена над овој регион, објаснува за Франс – Прес Жан Жузел, климатолог и поранешен потпретседател на Меѓународниот панел за климатски промени – IPCC.

blank

Многу европски политичари го обвинуваат глобалното затоплување за катастрофата, додека германската десничарска АфД ги обвинува дека ги користат поплавите за да ја правдаат агендата за борба против климатски промени.

blank

„Сè уште не можеме со сигурност да кажеме дека овој настан е поврзан со глобалното затоплување, но глобалното затоплување ги прави ваквите настани поверојатни“, изјави за Франс – Прес германскиот хидролог Кај Шретер.

blank

Најпогодени се областите околу помалите реки и притоки кои немале одбрамбени насипи и премногу брзо биле преплавени од обилните врнежи.

Локалните власти во Германија се најдоа на удар на критики затоа што не успеале навремено да го евакуираат населението.

Хана Лук, професорка по хидрологија на британскиот универзитет во Ридинг, тврди дека предупредувањата на метеоролозите не биле сфатени сериозно и дека немало соодветна подготовка за катастрофата.

blank

Дел од населението едноставно не било свесен за ризиците и не следело ниту две основни препораки – да избегнува престој во приземје и подрум и веднаш да се исклучи електричната енергија во објектот.

Некои експерти укажуваат и на опасноста од лошото просторно планирање и зголемената употреба на бетон во густо населениот дел од Европа.

blank

Кога земјата е покриена со материјал како бетон, тоа значи дека не може да апсорбира толку голема количина на вода.

blank

„Урбанизацијата одигра улога“, вели Жузел. „Дали бројот на жртвите ќе беше ист ако вакво нешто се случеше пред 40 години?

blank
blank
blank