Фудбалер на Евертон уапсен за педофилија

Рафа Бенитез не успеа ниту да формира екипа пред почетокот на Премиер лигата, а во редовите на Евертон стигнаа нови проблеми. Како што официјално објави клубот од Гудисон, еден член на првиот тим бил суспендиран до крајот на полициската истрага што била покрената против него.

Еден фудбалер на Евертон бил уапсен, а клубот не објави за што точно станува збор. Сепак, како што наведуваат некои таблоиди, станува збор за секс со малолетни лица.

На социјалните мрежи се шпекулира дека станува збор за еден од 31-годишниците во составот на Евертон, а такви има две лица – Фабијан Делф и Гилфи Сигурдсон.

– Евертон може да потврди дека го суспендирале играчот на Првиот тим до полициската истрага. Клубот ќе продолжи да ги поддржува властите во нивните истраги и нема да дава дополнителни изјави во моментот – се наведува во соопштението.

Како што се наведува, апсењето се случило во петокот, а бидејќи Делф бил во составот на затворен пријателски натпревар во саботата, се наметнува одговорот дека се работи за искусен Исланѓанец.

blank
blank
blank