(ВИДЕО) Kина го создаде најбрзиот воз во светот, достигнува 600 километри на час

Да, 600 километри на час е брзината која ја достигнува овој воз кој беше претставен во вторникот. Информацијата ја објавија државните медиуми на НР Кина.

Овој воз е произведен во крајбрежниот град Кингдао и ова достигнување го прави најбрзото копнено возило на планетата.

Со брзина од 600 километри на час, патувањето со воз помеѓу Пекинг и Шангај, подолго од 1.000 километри, би траело само два и пол часа.

blank
blank
blank