Судот во Москва ја потврди казната за Навални

Судот во Москва ја потврди затворската казна на опозицискиот политичар Алексеј Навални во врска со неговата пресуда за проневера, но му ја намали казната за месец и половина, поради отслуженото време. Навални претходно поднесе жалба на пресудата со која претходно овој месец беше осуден бидејќи ја прекршил условната казна дадена претходно.

Обвинителството го повика судот да ја потврди казната од 2 февруари, тврдејќи дека е законска одлуката условната казана да се претвори во затворска. Тој беше осуден на три ипол години во затвор, но со оглед на времето поминато во притвор казната му беше одредена на две години и осум месеци во затвор. Со оглед на денешното намалување, на Навални му остануваат уште две години и шест месеци во затвор.

Навални беше уапсен на 17 јануари откако се врати во Русија од Германија, каде што со месеци се опоравуваше од труење со нервен отров. Неговото апсење предизвика протести низ цела Русија, кои завршија со апсење на околу 11.000 луѓе.