Ковид-19 мутации: во текот на зимата е можно да се појави нов сој

Од кога се појави корона вирусот мутираше повеќе пати, а моментно најголема опасност е делта сојот на вирусот кој се карактеризира со висок степен на инфекција.

Од првото појавување на САРС-CoV-2 во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, овој нов коронавирус досега мутирал безброј пати, но одделно се кристализирале дури 11 поопасни и заразни видови.

Заедно, тие досега убија вкупно повеќе од четири милиони луѓе ширум светот и заразија повеќе од 187 милиони.

На крајот на минатата недела, Европскиот центар за превенција и контрола на болести објави список на сите овие видови, меѓу кои пет „поставија аларми“ затоа што се наведени како загрижувачки категории. Меѓу нив се алфа, бета, гама и делта соеви, за кои се смета дека се многу пати позаразни или смртоносни од основниот, „вухан вид“ и се доминантни кај заразените.

Претседателот на научниот совет во Франција Жан-Франсоа Делфреси, која ја советува француската Влада предвидува можна нова варијанта во текот на зимата, јави дописникот на МИА од Париз.

„Ќе победиме против ковид-19, но ќе мора да бидеме трпеливи. Враќањето во нормала е можеби за 2022, 2023 година“, вели Жан-Франсоа Делфреси, во интервјуто за БФМТВ и РМЦ. 

Професорот во просек стравува од 50.000 новозаразени дневно на почетокот на август. Вели дека нема брзо решение за делта сојот. Сега во Франција има повеќе од 20.000 новозаразени дневно.

blank
blank
blank