Прв случај на птичји грип пренесен од птица на човек

Русија го идентификувала првот случај кога еден сој на птичјиот грип AH5N8 е пренесен од птица на човек. За ова е известена и Светската здравствена организација.

Ана Попова, шефица на Агенцијата за здравје на потрошувачите изјави дека официјална Москва го случајот го пријавила случајот во СЗО уште пред неколку дена.

-Тоа го сторивме во моментот кога сосема бевме сигурни во резултатите. Засега нема знаци за пренос на овој сој на вирусот од човек на човек, изјави Попова за рускиот телевизиски јавен сервис.

Претходно во светот беше пријавен дека уште еден сој на птичјиот грип H5N1 преминал на луѓе, односно, како што појасни Попова седум работници на живинарска фирма на југот на Русија се заразиле со сојот AH5N8 уште лани во декември.